15 C
Ohrid
четврток, мај 6, 2021
Почетна Македонија Mила Царовска: Лага е дека децата од второ одделение ќе учат сексуално...

Mила Царовска: Лага е дека децата од второ одделение ќе учат сексуално образование..

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерката за образование, Мила Царовска, демантира дека сексуалното образование во основното училиште има цел да ги учи децата на некакви развратни работи, како што се шири од граѓанско здружение ,,Од нас за нас“, чија претседателка Гордана Гоџо е позната по антиваксерските ставови, запрашување со алуминиум, чипирање преку вакцините и слично.

,,Категорично ги демантирам невистините проширени од фб групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Веста е целосно лажна, а користените илустрации кои воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем.

Ги повикувам граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.

РЕКЛАМА

Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Барам одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието“-напиша на својот ФБ профил министерката Царовска.

Текст на Гордана Гоџо објавен на Фб страницата и интернет страницата на здружението, е споделуван низ социјалните мрежи од луѓе кои повикуваат на организиран отпор против сексуално воспитување на учениците во училиштата, а базирано на лажни вести од наведеното здружение., кое ја користи следната илустрација:

Гоџо успева да изманипулира еден дел луѓе, кои мислат дека сексуалното образование ќе ги наведува нивните деца на хомосексуализам, педофилија и слично, што е секако ноторна глупост.

Интернет страницата на здружението ,,Од нас за нас“ се базира на лажни текстови кои пропагираат теории на заговор.

Гордана Гоџо
Гордана Гоџо дури има објавено текст во кој го обвинува министерот за здравство, Венко Филипче, дека ,,сака да вакцинира со вакцина која го ослабнува имунолошкиот систем “ и како што тврди, тоа е научно докажано. Но, не кажува од кого.

- Реклами -