11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Очекувам во февруари да ни пристигнат вакцините на „Фајзер“ и на...

Заев: Очекувам во февруари да ни пристигнат вакцините на „Фајзер“ и на „Синофарм“

Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите верувам ќе бидат вакцината на „Фајзер“ и на „Синофарм“, најави премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“.
Премиерот подвлече дека темата за вакцините, со право, го окупира целиот свет не само нас и додаде дека целосно го разбира чувството на граѓаните колку што е можно побргу да започне процесот на вакцинација и во нашата земја.
– Уште од стартот кога почнаа да се наѕираат резултатите од производството и тестирањата на вакцините го ставивме во функција целиот капацитет на Владата за да ги пласираме издвоените средства од КОВИД програмата, како и средствата што доаѓаа од ЕУ или Светска Банка за набавка на вакцината.
Ние секако се приклонивме во очекувањата кон механизмите на Брисел за испорака на потребните количини од вакцината и преку КОВАКС системот. Но, треба да ги земеме предвид и објективните околности дека некои од производителите од западноевропските земји потфрлија прво во проценките кога ќе завршат целосните тестирања на вакцините, а потоа и во производство на количините кои на глобално ниво надминуваат неколку милијарди дози – рече Заев и додаде дека потфрлањето на производителите е кон речиси сите земји, при што доделени се само 10 до 15 проценти од очекуваните количини во првиот или вториот турнус и тоа е причината зошто некои од европските земји кои ветија дека ќе споделат дел од вакцините со земјите од Западен Балкан не можеа да го направат тоа како што беше замислено.
Како резултат на тоа, Заев рече дека веднаш се премина и кон интензивна комуникација со сите производители и сите можни влади и контакти кои би можеле да ни помогнат.
– И затоа денеска можам да кажам дека обезбедуваме вакцини на сите можни начини и од сите можни извори кои светот ги користи и кои несомнено покажуваат резултати и се докажано безбедни. Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите верувам ќе бидат вакцината на „Фајзер“ и вакцината на „Синофарм“.
Ние сме целосно подготвени за првите количини од аспект на нивното складирање во соодветни услови, од аспект на правно-процедурални постапки и се разбира од аспект на организациски план за вакцинирање. Затоа ја направивме и измената на Законот за лекови од причина што глобална политика на производителот на вакцини „Фајзер“ со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава — рече Заев и додаде дека дополнителни позитивни промени најавува и одлуката на „Фајзер“ да се врати на првичниот распоред на испораки на вакцините во Европската Унија со обврска зголемените испораки да започнат на 15 февруари за да се исполни договорот за испорачување на договорените количини.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...