6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Секое групирање е казнето од страна на МВР, нема кај нас...

Спасовски: Секое групирање е казнето од страна на МВР, нема кај нас вршење селекција, законот си е закон !!!

Во Собранието на денешната 30-та седница во попладневиот дел од работата без дискусија и во прво читање поминаа повеќе закони од сферата на одбраната, внатрешни работи, здравство, земјоделство и финасирање.

Пратениците по овие закони дополнително ќе гласаат кога ќе се создадат услови за тоа.

Куса расправа имаше само во врска со Предлогот законот за изменување на Законот за полиција, во прво читање. Пратникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски праша зошто со измените, меѓу другото, се врши бришење на одредбата со која полицијата води евиденција за лица за кои е извршена безбедносна проверка. Тој упати и забелешка дека полицијата постапува селективно во различни подрачја во земјава во однос на групирања на граѓани во услови на ковид – криза.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека безбедносната проценка се брише од Законот за полиција затоа што таа проценка преминува во надлежност на новоформираната Агенцијата за национална безбедност.

Во однос на тоа дека полицијата постапува селективно при групирања на граѓани во услови на пандемија, Спасовски рече дека нема ниту еден настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за секое групирање. За протестот од петокот, рече, има и кривични и прекршочни пријави, а најави дека јавноста ќе биде информирана деновиве.

„Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено, завршено до крај од одделот за насилен криминал и Јавното обвинителство. Така што, никаде и во ниту еден момент нема состојба во која што не се преземаат дејствија и одредени активности, само се прави една проценка за тоа како и на кој начин да ја сочуваме состојбата на едно задоволително ниво и да не настанат поголеми штети“, рече Спасовски.
Претходно денеска во Собранието се гласаше само за Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше донесен со 70 гласа „за“, а беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...