13.6 C
Ohrid
вторник, мај 11, 2021
Почетна Македонија Во полициска станица повикан е Блерим Ахмети во врска со протестите за...

Во полициска станица повикан е Блерим Ахмети во врска со протестите за случајот МОНСТРУМ, Блерим кажува дека нема да се откаже и не може никој да го заплаши, додека правдата не излезе на виделина…

Translate (Eng):[gtranslate]

Блерим Ахмеди, лицето кое во МВР како организатор пријави одржување на мирен протест во близината на зградата на Јавното обвинителство како поддршка за обвинетите во случајот„Монструм”, a кои завршија со инциденти, денеска во 12 часот е повикан во полициската станица на Битпазар. „Притисоците продолжуваат, но ние нема да застанеме и секогаш ќе бараме да има правда во земјата”, вели Ахмеди.

Во полициска станица повикан организаторот на протестот за „Монструм“
Блерим Ахмеди, лицето кое во МВР како организатор пријави одржување на мирен протест во близината на зградата на Јавното обвинителство како поддршка за обвинетите во случајот„Монструм”, a кои завршија со инциденти, денеска во 12 часот е повикан во полициската станица на Битпазар. „Притисоците продолжуваат, но ние нема да застанеме и секогаш ќе бараме да има правда во земјата”, вели Ахмеди.

Ахмеди на својот Фејсбук профил напиша дека е известен од „скопската полиција“ дека треба да се пријави денеска во 12 часот во полициската станица Бит пазар. Причината, вели, веројатно според полицијата се „инцидентите на протестот од 29 јануари”.

РЕКЛАМА

„Притисоците продолжуваат, но ние нема да застанеме и секогаш ќе бараме да има правда во земјата”, вели Блерим Ахмеди.

Ахмеди го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го почитува, како што вели, меѓународното право според кое граѓаните имаат право на демократски протести и дека е тоа апсолутно и неотуѓиво право кое го гарантираат уставите во демократските земји.

Тој додава: „Внимавајте, полицијата е гневна и по налог на Спасовски повикува Албанци во полициски станици. Но, притисоците само ќе нѐ напрацат посилни и ќе продолжиме да чекориме по пато на демократијата”.

Сослушување на поединци поврзани со инцидентите кои се случија кон крајот на протестот, прекршочни и кривични пријави најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Инаку, од МВР, во врска со инцидентите за време на протестот како поддршка за обвинетите во „Монструм”, велат дека се работи на препознавање на сторителите кои скршија шоферјшајбни на четири полициски возила, како и стаклото од влезната врата на МНР, но камења беа фрлани и врз нововселената зграда на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Од МВР нагласуваат дека се утврдуваат нивните идентитети преку снимките направени за време на протестот.

- Реклами -