4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДемократскиот сојуз бара забрана за увоз на возила постари од три години

Демократскиот сојуз бара забрана за увоз на возила постари од три години

Демократскиот сојуз смета дека Владата треба да донесе законски ограничувања со кои ќе спречи Македонија да се претвори во депонија на стари автомобили.

Наместо да се дозволува увоз на автомобили со старост до 10 години, ДС предлага да не се дозволува увоз на автомобили постари од 3 години, товарни возила да не можат да се увезуват постари од пет години, а автобуси постари од две години.

„Земјите на Европската унија субвенционират купување на електрични автомобили, се ослободуваат од возила на дизел гориво и веќе ги исклучуваат постарите возила. Во ваква состојба сосема логично е старите возила со висок степен на загадување да ги продават во посиромашните замји, дефакто ги претварат во депонии на стари возила.

Имаме разбирање за фирмите кои увезуваат стари автомобили, но наместо стари, државата треба да субвенционира увоз на електрични и нови автомобили, автобуси и товарни возила. На овој начин ќе се придонесе за намалување на загаденоста на воздухот и еко средината. Увозот на стари возила беше популистичка политика, на штета на здравјето на сите граѓани, посебни на младите“, велат од ДС.
plisinfo

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...