13.4 C
Ohrid
вторник, мај 11, 2021
Почетна Македонија Битолчанец се вакцинираше против Ковид-19 - после вакцината може да ме викате...

Битолчанец се вакцинираше против Ковид-19 – после вакцината може да ме викате Фајзеро на прекар

Translate (Eng):[gtranslate]

Битолчанецот Нашоку Марио од пред 20 години замина на студии во Букурешт, Романија и моментално е физиотерапевт во сопствена ординација за кинезитерапија и е еден од првите битолчани кои се вакцинирани за време на оваа светска пандемија, објави локалниот портал бабамбитола.мк

-Се вакцинирав пред неколку денови против Ковид 19. Пред да се одлучам да ја примам вакцината учествував на три симпозиуми специјално за вакцинирање на ковид 19 и фактот дека први се вакцинираа 6 милиони од медицинскиот персонал во целиот свет мислам дека заслужува луѓето да знаат дека е многу потребно да се вакцинираме оти само така можиме да го победиме вирусот!, вели Битолчанецот.

Додава дека не е за тоа да луѓето да се вакцинираат задолжително.

РЕКЛАМА

– Но можам да ви кажам дека кога се вакцинирав, четири доктори од битола ми се јавија лично и ме замолија дали можам да му најдам вакцина за да дојдат да се вакцинираат тука во Букурешт. Тоа кажува многу за вакцината!, вели тој

На крајот не поздрави Марио низ смеа дека ако сакаме слободно можеме да го викаме фајзеро.

- Реклами -