26.9 C
Ohrid
понеделник, јули 26, 2021
Почетна Македонија Димитров до Апасиев: За Македонската кауза спремен сум да одам и во...

Димитров до Апасиев: За Македонската кауза спремен сум да одам и во затвор.

Translate (Eng):[gtranslate]

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев го обвини Димитров дека е амерички шпион, Димитров рече дека Апасиев влегува во категорија на политичар-обвинител, па и политичар-инквизитор.

„Така и потсетува на некој начин, на средновековието кога инквизицијата имала главен збор. За нашата татковина, за нашата Македонија многу Македонци и Македонки оделе во затвор и јас сум спремен таа цена да ја платам за македонската кауза. Некои оделе во затвор, а некои ги пикале во затвор, ама размислете тоа вас во која категорија ве става и каква место си резервирате во македонската историја. Вие сте професор по право, меѓутоа тоа не значи дека не грешите кога велите дека Преспанскиот договор е потпишан надвор и од членот на Уставот што го регулира тоа прашање и надвор од Законот за склучување и ратификација на меѓународните договори. Во праксата некаде помалку од 1%, чинам помалку и од пола проценти 0,5 од вкупните меѓународни договори во име на Републиката ги има потпишано шефот на државата, претседателот на Републиката. Во првата интерпелација во глава ми беа тие бројки, можам да одам назад по стенограмот и да ги најдам, помалку од 0,5%. Членот 2 од Уставот вели дека и Владата во името на Републиката може да склучува меѓународни договори, а во членот 3 ги набројува кога тоа Владата може да го направи, споменувајќи едно чудо области кои што се присутни и регулирани во билатералниот договор, Преспанскиот договор“, одговори Димитров.

РЕКЛАМА
- Реклами -