9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден пред 149 години е роден великанот Гоце Делчев.

На денешен ден пред 149 години е роден великанот Гоце Делчев.

Македонците денеска одбележуваат 149 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кој ослободувањето на Македонија го гледал само од самите Македонци:

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите“, гласи една од пораките на великанот.

Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви.

 

Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбра светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на ЦК на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

– Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, се вели во пораката од Светскиот македонски конгрес, по повод роденденот на великанот.

 

Делчев учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Убиен е на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание.

Тој бил против прераното започнување на востанието.

Годинава, вторпат, Македонците ќе го одбележат роденденот на Делчев со придавката „северна“ пред името на Македонија, за која апостолот се жртвувал и со одвратни политички пазарења за тоа колку Македонецот Гоце Делчев бил Македонец и колку проценти треба да припаѓа на бугарската историја.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам на Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...