8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНа чело со директотот уште шест медицински лица од Струга заработаа кривична...

На чело со директотот уште шест медицински лица од Струга заработаа кривична пријава..

Против шест медицински лица од струшката болница на чело со директорот, доктор Мухамед Асани, поднесена е кривична пријава за тешки дела против здравјето на луѓето, од член 217 од Кривичниот законик.

Слободен печат, од свои добро упатени извори дознава дека кривичната пријава до основното јавно обвинителство во Струга била поднесена од адвокатската канцеларија Јанев, застапник на Јалдз Веапоска од Дебар, жената која по извршеното пораѓање во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег. Кривичната пријава е против доктори гинеколози, хирурзи и анестезиолози. Кривичниот законик предвидува затворска казна за тешките дела против здравјето на луѓето.

Случајот ја шокираше јавноста, откако родилката Јалдз Веапоска, инаку исто така медицинско лице, обзнани дека по излегувањето од болница, од операционата сала останала без органи, за кои што тврди дека не знае зошто и биле извадени. Благодарение на нејзиното сведоштво и пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во куќата на лекарот Мухамед Асани, инаку член на Лекарската Комора, беше откриена гинеколошка ординација без документација, односно гинеколошка ординација во која четири жени со нотарски изјави тврдеа дека Асани ги прегледувал и им ја следел бременоста изминатите години. Најстариот случај за кој што родилка тврди дека ја прегледувал Асани во ординацијата без да и даде фискална сметка, датира од пред осум години. Но, Асани уште е директор на струшката болница и ваквиот скандал не беше доволен да биде разрешен од позицијата. (Крај)

извор: Слободен печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...