11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонија Половина час чекале Брза помош на 100 метри од болница, им рекле:...

 Половина час чекале Брза помош на 100 метри од болница, им рекле: Мириснете го дали е пијан!

Половина час се чекала Брзата помош да пристигне во Жена парк и да му помогне на човек кој без свест и со крваво лице лежел на земја, пренесува ТВ21. Како што раскажуваат за телевизијата лицата што го пронашле онесвестениот маж, околу 16:50 часот како случајни минувачи во паркот спроти Парламентот, забележале лице како лежи на земја.

Во 16:51 часот повикуваат брза помош! Наместо да превземи нешто, операторката за итни случаи го прашува повикувачот што има лицето, дали е некој пијан и дали може да го почувствува мирисот на алкохол. Никој не можеше да го стори тоа, уште помалку во време на пандемија. Така, итната помош, наместо помош, упатува да се повика полиција. Истата беше повикана нешто пред 17 часот. Цело ова време лицето продолжува да лежи на земја, со крваво лице, не повеќе од 100 метри од Градската болница.

На полицијата ѝ биле потребни 10 минути да стигне, но и кога конечно дошле не можеле да реземат ништо, бидејќи потребна била медицинска помош. Тие исто така побарале итна медицинска помош. Во меѓувреме, лицето кое лежело почнало да се освестува, но сепак комуницирал тешко.

Единствено што успеал да ѝ потврди на полицијата е дека паднал сам и дека никој не го нападнал.Итната помош пристигна во 17:20 минути. Од првото појавување на случајот до моментот кога пристигнала Брзата помош, биле потребни цели 30 минути за лицето да добие брза помош. Всушност, кога пристигнала брзата помош, тој веќе бил свесен, иако навидум малку исплашен. Стана и разговараше со лекарите на кои им кажуваше за случајот.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...