11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМаж од Кочанско измамен при купување мобилен телефон

Маж од Кочанско измамен при купување мобилен телефон

Маж од Кочанско е  олеснет за 4.000 денари при купување мобилен телефон, но наместо да добие апарат добил две заштитни маски за неговиот стар мобилен апарат.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека 46-годишен маж од Кочанско вчера во 19 часот во Полициската станица во Кочани пријавал оти од страна на лице, кое се претставило како И.Т од Гевгелија, бил доведен во заблуда, доколку уплати 4.000 денари на сметка, за возврат по карго ќе му го испрати мобилниот телефон.

Откако пријавителот во банка ја уплатил наведената сума, по карго му бил испратен пакет, но наместо телефон имало предемет со две маски од телефон.

Се работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Полицијата апелира граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.

Претходно жртви беа повозрасни луѓе, кои купуваа огревно дрво од страна на непознати продавачи. Парите им ги даваа на рака, но дрвата не им пристигнуваа во дворовите

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...