10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОпштина Дебрца ќе добие модерен планинарски дом

Општина Дебрца ќе добие модерен планинарски дом

Во рамки на проектот за прекугранична соработка „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ меѓу Македонија и Албанија, општина Дебрца ќе добие модерен планинарски дом.

За таа цел ќе биде извршена реконструкција на училишната зграда во село Брежани и преадаптирана во ваков објект. Овој проект е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во извонредна, високо развиена туристичка дестинација, потенцира градоначалникот Зоран Ногачески.

– Општина Дебрца, со целокупното природно и културно наследство што го има и кое е дел од наследството на УНЕСКО, со планинските масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина е природно предодредена за развој на планинскиот и зимскиот туризам. Секако предуслов за тоа е да се осигура безбедноста на туристите. Како општина имаме потпишано договор за соработка со спасителната служба, од што произлегуваат обврски на општината за обезбедување нејзина финансиска одржливост. Ние на една од наредните седници ќе обезебдиме средства во буџетот за таа намена, истакна Ногачески.

 

Реконструкцијата треба да започне во месец април и во рок од три месеци да биде реализирана. Финансиската конструкција за изградба на планинарскиот дом е околу 80.000 евра. Вчера општината доби специјално возило за спасување во зимски услови. Покрај ова како дел од проектот е и санација на патната врска меѓу Брежани и Илинска планина, обврска што треба да биде заокружена до месец август.

Општина Дебрца преоку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ започнува соработка со албанската општина Грамш. Градоначалникот Ногачески откри дека зеднички веќе се подготвува апликацијата за новиот повик за прекугранична соработка, а еден од проектите ќе биде поврзување на планинарските патреки од Дебрца, преку Охрид и врска со Грамш.

ОхридПрес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...