6.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина екс пратеникот и министер Илија Филиповски...

Почина екс пратеникот и министер Илија Филиповски…

Почина Илија Филиповски, поранешен пратеник, екс министер, бизнисмен.

Илија Филиповски е поранешен пратеник на СДСМ, а беше и министер за економија во владата на Бранко Црвенковски. Тој роден е 1941 година во Ростуше, а бил директор на увоз-извоз “Охис”.

„Со жалење соопштуваме дека денес почина Илија Филиповски, роден 1941 година во Галичник.

Илија Филиповски во два наврати беше потпретседател на Извршниот совет на СРМ, министер за економија во Владата на РМ, два пати избран пратеник во Собранието на РМ, приватен стопанственик и претседател на Месната заедница Галичник, функција со која најмногу се гордееше.

Неговиот придонес за Галичник е голем и претставува наш долг, но и завет за продолжување на неговото дело и зачувување на неговиот лик како почитувана и ценета личност.

Погребот ќе се одржи утре во 12 часот на Градските гробишта Бутел.

Вечна му слава“, соопштија од месната заедница Галичник на Фејсбук.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...