5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПу Пу Не Важи- Стојанче Ангелов јас го осудив скандирањето „УЧК, УЧК“...

Пу Пу Не Важи- Стојанче Ангелов јас го осудив скандирањето „УЧК, УЧК“ и „Голема Албанија“ а не Реизот !!

Дојде до ненамерна гершка на пи-ар тимот при пишувањето на соопштението за јавноста, односно мојот став за осуда на скандирањето „УЧК, УЧК“ и „Голема Албанија“ се претставени како заеднички, изјави за Плусинфо в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Осудата на скандирањата „УЧК, УЧК“ и „Голема Албанија“ e моja, лична, не и на реисот Шаќир Фетаи. Дојде до ненамерна гершка на пи-ар тимот при пишувањето на соопштението за јавноста, односно мојот став за осуда на скандирањето „УЧК, УЧК“ и „Голема Албанија“ се претставени како заеднички, изјави за Плусинфо в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов откако по средбата со реисот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Фетаи во објава на Фејсбук се огради дека ги осудил скандирањата на протестот за случајот „Монструм“ кој се одржа минатата недела.

– Настана ненамерна гршка на пи-ар тимот кога го пишувале соопштението, така што моите ставови за осуда на извиците „УЧК“ и „Голема Албанија“ на протестот за случајот „Монструм“ ги навеле како заеднички ставови со реисот Шаќир Фетаи. Тоа се мои, лични ставови. Со реисот зборувавме за верата и влијанието на верските организации врз мирот и соживотот. Тимот при пишување на соопштението ненамерно згрешил, а јас бидејќи бев во движење не успеав да го прочитам пред да биде пуштено за објава. Со реисот имавме конструктивен разговор. И тој е на позициите дека треба да работиме на процесот на помирување и соживот помеѓу сите заедници и на намалување и искоренување на меѓуетничката омраза, процес во кој сите верски заедници може да помогнат со своето големо влијание и дека не треба да се провоцира и протестите да се користат за разгорување на омраза меѓу заедниците – ни изјави Ангелов.

Тој вели дека со ненамерната грешка го довеле реисот во ситуација да се правда. Ангелов потенцира дека е во дводневна посета на Тирана и дека затоа не можел веднаш да реагира и да ја објасни грешката на пи-ар тимот.

ПЛУСИНФО

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...