2.7 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Штип: „Дамјан Давков е нашиот Питагора и ќе добие 15.000...

Градоначалникот на Штип: „Дамјан Давков е нашиот Питагора и ќе добие 15.000 денари“

По бурните реакции во јавноста, од општина Штип одлучија да го наградат младиот и талентиран математичар, осмооделенецот Дамјан Давков од основното школо „Ванчо Прке“, поради остварениот најдобар резултат на натпревар по математика.

Дамјан ќе добие 15.000 денари и ќе стане почесен граѓанин, затоа што постигна најдобар резултат на натпревар, кој бил организиран само за средношколци. Градоначалникот Сашко Николов за „Репортер.мк“ ни кажа дека Дамјан ќе добие еднократна помош и благодарница.

„Нашиот штипски Питагора ќе добие еднократна парична помош од општина Штип, во износ од 15.000 денари и ќе добие благодарница за афирмација на општината Штип“, ни кажа Николов.

Вчера јавноста бурно реагираше на образложението издадено од Министерството за образование, дека Дамјан нема да ја добие заслужената награда, затоа што наптреварот бил оргиранизиран само за средношколци. Од МОН потоа објавија дека повторно ќе го преиспитаат случајот.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...