2.7 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаРакометарите на Вардар останаа заглавени во Португалија

Ракометарите на Вардар останаа заглавени во Португалија

Ракометарите на Вардар се заглавени во Португалија и не можат да се вратат во земјава како што беше планирано преку аеродромот во Франкфурт бидејќи Германија бара сите кои ќе влезат од „црвената зона“ а во која е и Португалија, треба да одат во 14-дневен карантин.

Сега се бара решение за враќање дома на црвено-црните, опцијата е со автобус до Лисабон, па потоа да патуваат до Истанбул и до крајната дестинација Скопје.

Враќањето треба да биде што побрзо бидејќи веќе во вторник во Париз треба да играат со ПСЖ, а в четврток гостуваат кај Фленсбург во Германија.

Постои можност дуелот во Франција, па и тој во Германија да бидат одложени, што ќе донесе нови проблеми околу календарот на вардарци кој и онака не им беше во прилог.

Вчера Германија и Франција одлучија дека не може да се минуваат ниту како транзитни зони, освен за нивни државјани или за странци што работат таму.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...