7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНови протести во Македонија: Се бара пониска цена за плаќање на патарина...

Нови протести во Македонија: Се бара пониска цена за плаќање на патарина за автопатот Тетово-Гостивар

Стотина жители на тетовското село Горно Седларце денеска протестираа на автопатот Тетово-Гостивар барајќи за нив да има пониска цена за плаќање на патарина. Тие образложуваат дека од Горно Седларце до Тетово користат само три километри и 300 метри, а треба да платат како сите останати 30 денари.

– Ние како село организиравме мирен протест, за денеска нема да го блокираме автопатот, но ако нема решение и ќе го направиме и тоа. Пример ако оди некој од Тетово кон Гостивар за 24 километри, плаќа 30 тука и 30 таму на другата патарина вкупно 60 денари, а ние за 3,3 км плаќаме 30 денари. Ние бараме решение за нашето село, законски ние треба да плати 6 до 8 денари за користењето на тие 3,3 километри што ги користиме. Сме пратиле барање до јавното претријатие но нема одговор од таму, изјави Јусуф Беќири, претставник од организаторите.

Тој вели дека нема алтернативен пат, односно дека има други патишта кои се премногу далеку од градот.

-Може да одиме до Камењане па преку Речица до Тетово а тоа е околу 14 километри, а тука е само за 3,3 километри. А ако одиме преку другата страна преку Брвеница па до Тетово исто некои 15 или 16километри што е трошок за нас. Пример годишно една кола да оди во Тетово треба 600 до 700 евра за една куќа за една кола , тоа е многу за нас. Институциите да најдат решение, да не ослободат од ова плаќање или да се најде алтернативен пат, да се изгради таков пат, рече Беќири.

Предлог на населението е да се направат картички за нивното село со кои би плаќале по пониска цена по минување или на одреден период како на месечно или годишно ниво. Селото протестираше и во ноември 2016 година.

-Една година сме биле ослободени од патарина, но почнаа некои села да го злоупотребуваат тоа и да кажуваат дека одат за Горно Седларце. Па имаше 500 до 600 коли кои така поминуваа, а нема толку возила кај нас. Затоа таа практика е прекината. Во меѓувремено имаше луѓе од нашето село кои не плаќаа патарина но се соочија со казни. Затоа бараме решение повторно, рече Беќири.

Горно Седларце има околу 400 куќи.

(МИА)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...