10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПритвор од 30 дена за креаторот и администраторот на ланската „Јавна соба“

Притвор од 30 дена за креаторот и администраторот на ланската „Јавна соба“

Двајцата денеска беа приведени и спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје
Креаторот и администраторот на ланската група „Јавна соба“ на платформата „Телеграм“ добија притвор од по 30 дена.

Тие беа приведени денеска и спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје од кој обвинителството побара мерка притвор.

Двајцата, со иницијали Д.К. и М.П., се осомничени за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Притворот, како што соопштија од судот, им е определен поради опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоците и ќе го повторат или ќе го довршат кривичното дело.

Осомничените имаат право да се жалат до Кривичниот совет во судот.

Како што соопшти претходно Обвинителството, тие се осомничени дека од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, како основач и модератор на групата, наместо да се грижат за содржината на текстуалните и аудиовизуелните содржини што се споделуваат од членовите на групата, со умисла дозволиле во групата да се објавува аудиовизуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...