8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветСрбија е на чекор до нормалниот живот, наскоро и четврта вакцина и...

Србија е на чекор до нормалниот живот, наскоро и четврта вакцина и ревакцинација

За разлика од многу други земји, Србија се наоѓа на чекор до враќање на нормалниот живот, рече синоќа српската премиерка Ана Брнабиќ на РТС, најавувајќи дека во земјата наскоро ќе пристигне уште една, четврта по ред, вакцина против коронавирус. Според податоците на премиерката, досега за вакцинирање се пријавиле скоро милион граѓани на Србија и очекува таа бројка да биде многу поголема бидејќи, како што вели, очекува добри вести во наредните денови.

– Секој што ќе сака да се вакцинира во Србија, ќе се вакцинира. Очекувам дека наскоро ќе добиеме вакцина од четврт производител. Во следните денови ќе имаме добри вести. Секој ден преговараме и 50 проценти од моето време и времето на претседателот оди за тоа, затоа што тоа е политичка и дипломатска работа, истакна Брнабиќ.

Таа посочи дека Србија е една од петте земји во светот што има најмногу вакцини по глава на жител.

– Досега добивме 1.170.000 и очекуваме наскоро уште неколку стотици илјади. Луѓето не мора да гледаат сè што се случува зад сцената, но ништо не падна од небото, ништо не се случува случајно, нагласи Брнабиќ.

Таа кажа дека засега нема ублажување на мерките, иако, како што вели, едвај го чека тој ден бидејќи тоа е добро за буџетот и економијата на земјата.

– Нашата цел е да се обидеме да паднеме на под 1.000 заразени лица на ден. Во моментот, процентот на позитивни луѓе во однос на бројот на тестирани лица стагнира, што е лошо од една страна, но исто така добро, бидејќи во последните 10 дена има пад на бројот на хоспитализирани лица во однос на исписи од болниците на оздравени, објасни премиерката.

Таа вели дека во однос на други земји и како тие живеат далеку од секаква нормалност, на Србија добро ѝ оди.

– Ние се држиме феноменално, на чекор сме до нормалноста и се надевам дека ќе продолжиме да го правиме тоа. Во други земји има полициски час, демонстрации, недостаток на вакцини. Кај нас нема ништо од тоа, рече Брнабиќ.

Досега во Србија се вакцинирани 526.930 граѓани со вакцината на „Фајзер“, со руската вакцина „Спутник V“ и со кинеската вакцина на „Синофарм“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...