13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: 17 нови инвестиции во ,,Чојлија‘‘ се доказ дека и во криза...

Мицкоски: 17 нови инвестиции во ,,Чојлија‘‘ се доказ дека и во криза опозицијата знае успешно да работи

Општината Петровец е прва по интересот за инвестирање, а пред три дена 17 нови инвестиции одлучиле да влезат во индустриската зона Чојлија. Информацијата денеска на партискиот лидер Мицкоски му ја сподели градоначалникот на Петровец. Мицкоски му честиташе на Митевски, и администрацијата која вели успеале да покажат како може да се работи и во криза. Новите инвестиции се очекува да обезбедат дополнителни 500 нови работни места, покрај постоечките 1000.

 

-Уште еден доказ дека ако се сака се може и во услови на криза да се постигнуваат исклучителни резултати. Јас жалам што редок е примерот во Македонија за вака успешни општини, но истовремено сум горд што градоначалникот на Општина Петровец покажа и докажа дека навистина кога макотрпно се работи, кога упорно се работи може да се привлечат инвеститори и во услови на криза, да се отворат нови високоплатени работни места и општината Петровец денеска со гордост може да каже дека е општина број еден по број на нови инвестиции и по број на квалитетни отворени работни места иако морам да признаам дека како градоначалник од опозиција тој е многу поуспешен, би рекол најуспешен споредено со сите градоначалници кои што се од редовите на власта и покрај сите препреки кои што изминатиов период ги имаат сите коишто доаѓаат од опозицијата. Нешто што би рекол дека е антидржавно однесување на оваа неспособна и корумпирана влада која секаде низ светот не срами, рече Мицкоски.

Според Мицкоски економските резултатити на земјата во изминатиот период се поразителни. Има нула нови странски иневстиции и одлив на постоечките. Тој обвинува дека има потфрлање и во собирањето на даноците. Мицкоски ги поддржува барањата на стопанството за продолжување на мерката за помош во исплатата на плати, но вели дека владата тоа не може да го реализира бидејки во буџетото нема пари.

– Да мислам дека треба да остане, но немаат пари. Затоа што економијата не генерира приход за да плаќа даноци, а тие даноци да бидат вратени назад во стопанството. Немаат пари, парите ги чуваат за поткуп, за картички. Затоа не сакаат да го помогнат стопанството со плати, туку сакаат да дадат кредити. Немаат пари и лажат дека помагаат, вели Мицкоски.

Мицкоски бара одговоност и очекува оставка бидејки вели дека државата се задолжила една милијарда, а кај стопанството преку досегашните мерки завршиле само 350 милиони евра.

Извор: Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...