11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПензионираниот учител од Кичево Бежо Трпески долги години се занимава со собирање...

Пензионираниот учител од Кичево Бежо Трпески долги години се занимава со собирање лековити билки

Пензионираниот учител од Кичево Бежо Трпески долги години се занимава со собирање лековити билки и во изминатите децении, благодарение на неговите чаеви, многу луѓе се излекувале и од потешки болести.

 

Вистински поттик за да собира лековити билки му дала мајка му, која, благодарение на чаевите што претходно самата ги правела, се излекувала од болест на бубрезите. Токму неговата мајка му препорачала кои билки ги користела за да прави чај за бубрези и тие совети како уште повеќе да му ја засилиле желбата и самиот да почне да собира лековити билки.

– Моето дружење со лековитите билки почна по информацијата што ми ја даде мојата мајка, која боледувала од бубрези и ми кажа кои билки ги користела за да прави чај, кој многу ѝ помогнал за да се чувствува здраво. Ова корисно сознание се вкорени во мене и ме поттикна самиот да почнам да собирам лековити билки и да следам стручна литература, од каде што црпев и сѐ уште црпам информации кои билки за кои болести најмногу помагаат – се присетува Бежо, кој досега создал комбинации на чаеви за над 50 болести. Но не застанува тука, туку и понатаму истражува и создава нови и нови мешавини, кои очекува да им помогнат на многу луѓе што му се обраќаат за совет и помош.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...