10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаТрогателна исповед: Полицијата во Охрид ми го одзеде возилото и ме остави...

Трогателна исповед: Полицијата во Охрид ми го одзеде возилото и ме остави на улица со девојче болно од церебрална парализа..

Парламентот пред Нова Година го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена.

За жал во ваков сплет на околности се пронајде и Охриѓанецот Марјан Колозов кој заедно со неговата сопруга Марјана и нивната  8 годишна  внука  која боледува од церебрална паралзиа и има епилепсични напади, раскажува Марјан за Шило Магазин. На 15-01 2021 во 08:00 часот го зедов  детенцето со кое требаше да одиме на лекар па потоа да го регистрирам моето ПМВ марка Пежо 306 кое за жал беше истечена регистрацијата поради што беше подолг период на механичар и поради недостаток на финансии се одлучив да го регистрирам баш истото утро. Кога ме застанаа полициските службеници им ја објаснав оваа ситуација како што ви ја раскажувам и вас но за жал не сакаа да ме сослушаат и ми го одзедеоа возилото и  ме оставија со  болно дете на улица, каква е оваа правда нека ми пишеа казна ќе ја платев со тоа возило го носам моето дете на лекар а сега немам ни со што да го одведам, раскажува Марјан со солзи во очите…

Неговиот апел е да му се врати што поскоро возилото за да може нормално да функционира а пари за друго возило за жал немам вели Марјан. Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...