7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо мотивација и поддршка од државата, семејството на младиот гениј Давков ќе...

Наместо мотивација и поддршка од државата, семејството на младиот гениј Давков ќе оди на суд да си бара правда

Семејството на малиот осмооделенец Дамјан Давков реши случајот за неправдата кон нивниот син од страна на Министерството за образование и министерката Мила Царовска да го истера на суд. „Штипскиот Питагора” и чудо од дете како што го викаат Дамјан, не добил паричната награда од Министерството за образование и наука само затоа што бил осмооделенец кога ја добил првата награда по математика во категорија за средношколци од прва година.

Никица Давкова, мајка на Дамјан вели дека по добиеното решение од министерството ќе ја искористат правната поука и ќе поднесат тужба до Управниот суд. Давкова денеска на фејсбук објави дека се заблагодарува на сите граѓани во земјава и странство, стопанственици, компании, болници, банки, музичари кои се понудија да ја исплатат наградата и повеќе од неа.

„Принципиелно ги одбивме вашите понуди. Не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надевам дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на потребите на овие деца. Благодарност до сите што дадоа поддршка”, напиша мајката на Дамјан.

Случајот со негативниот одговор за парична награда за Дамјан Давков потпишан од министерката Мила Царовска предвизика бурна реакција на јавноста. Граѓаните побараа реформи и поголема поддршка за македонските генијалци и таленти.

Министерката Царовска изјави дека за целиот случај виновник е Сојузот на математичари на Македонија чии одговорни лица дозволиле натпревар на осмооделенец со средношколци. Давкова вели дека тоа не е аргумент, дека никаде нема забрана за ова. „Никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици. За информација, на Светската олимпијада по математика – ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал). На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада”, напиша Давкова.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...