16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Интересот е голем за вакцинација, само за неколку часа се имаат...

Филипче: Интересот е голем за вакцинација, само за неколку часа се имаат пријавено над 8.000 луѓе

Веб-страницата Vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба, a zа само неколку часа има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани, соопшти на социјалните мрежи, министерот за здравство, Венко Филипче.

Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000…

Posted by Венко Филипче on Среда, 10 февруари 2021

„Сите пополнети апликации на страницата ќе бидат внесени во системот ‘Мој Термин’ и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата“, објаснува Филипче во објавата.

Министерот нагласува дека во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години.

„Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија“, посочува Филипче кој додава дека вакцинирањето е доброволно, но е единствениот начин за да го победиме вирусот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...