11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЉубомир Фрчкоски, е избор на Владата за иден амбасадор на Македонија во...

Љубомир Фрчкоски, е избор на Владата за иден амбасадор на Македонија во Вашингтон

spot_imgspot_img

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, е избор на Владата за иден амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што се дознава, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД.

Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски. Пречка беше несоработката со екс-претседателот Ѓорге Иванов, изборите, како и блокадите на амбасадорите во парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Испразнета е и амбасадата на Македонија во Москва за каде што се подготвува да замине Ненад Колев, дипломат од МНР. Со овие именувања ќе се пополнат најважните испразнети амбасади на Македонија, освен таа во Обединетите нации и амбасадата во Брисел, Белгија, каде што требаше да замине Игор Поповски, но поради семејни проблеми, по сѐ изгледа испаѓа од комбинација. Неофицијално, за таа позиција се борел миленикот на ДУИ, Лазар Еленовски, кој живее во Брисел, но нема работа.

Еленовски беше амбасадор на Македонија во Белгија како кадар на ДУИ, а потоа неколку години специјален пратеник во НАТО – измислена паралелна функција со единствена цел да се згрижи миленикот на владејачката албанска партија. Еленовски се обиде да стане и амбасадор во НАТО, но таа идеја не наиде на разбирање во СДСМ, каде што беше поранешен партиски член, пред да формира сопствена партија и да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тој нема намера да се врати во Македонија, а врските тука ги одржува само за да си обезбеди сретства за живот во Белгија.

Извор: Независен.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...