9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаРестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа

Рестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа

Итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК).

Тие денеска на прес-конференција апелираа државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа.

Ако тоа не се случи, како што најавија, идната недела ќе излезат на масовен протест.

-Почнувајќи од 15.03.2020, ние, како угостителски објекти за организирани настани, речиси една година немаме протокол за почнување на нашата дејност. Ние сме единствени економски оператори кои имаат 11 месеци забрана за работа, а користевме парцијална државна помош во поддршката за плати и придонеси, која траеше само шест месец. Располагаме со големи капацитети, соодветна квадратура и можност за одржување организирани настани, со што би се запазиле усвоените протоколи според кои функционираат останатите „A la carte“ ресторани со ограничено работно време. Да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како претходната. Да спречиме да ни се повтори минатогодишниот пропуст, кога младоженците беа принудени своите свадбени церемонии да ги прават во сопствените дворови и изнајмени викендици, без да имаат можност да се примени соодветен протокол со дистанца и без потребните хигиенско-санитарни услови, реагираа членките на ТУК.

Според нив, исплатата на еднократната парична помош во вид на грант, со максимален износ од 10.000 евра, е 2-4 отсто од вкупно остварениот промет во 2019 година, што е минимална поддршка за сервисирање на трошоците на оваа категорија угостители со оглед на големината и квадратурата на објектите со кои управуваат.

-Споредено со регионот, ние сме единствена земја која не доби протокол за организирани настани, а поддршката субвенционирање плати и придонеси, како и еднократниот грант, е убедливо најниска директна помош. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и свесни сме дека во овој момент не може да се вратиме на истите услови на функционирање како во 2019 година, но од исклучителна важност за нашата дејност, имајќи го во предвид сезонскиот карактер, е временска динамика на фазно донесување протоколи за почнување со работа, нагласија членките на ТУК.

Тоа, напоменаа, би ја олеснило одлуката на младоженците за одбирање погоден датум за организирање веселба, а воедно би било од големо значење и за комплементарните дејности: музичари, фотографи, слаткарници, цвеќари, модни дизајнери и ателјеа, шминкери, декоратери.

-Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дозвола за работа како и останатите ресторани. Доколку не добиеме позитивен одговор и нашите барања не се усвојат, следниот чекор идната недела ќе биде масовен протест, предупредија рестораните за организирани настани.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...