11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаУште еден нов проблем: Креаторот на веб сајтот ваксајнс.мк заврши во полициска...

Уште еден нов проблем: Креаторот на веб сајтот ваксајнс.мк заврши во полициска станица.

spot_imgspot_img

Креаторот на веб сајтот ваксајнс.мк Адил Бакиу бил повикан во полиција на информативен разговор во полициската станица во Карпош, соопшти самиот тој на Фејсбук.

Адресата ваксајнс.мк директно води кон официјалниот веб сајт на Министерството за здравство вакцинација.мк, каде што граѓаните се регистрираат за вакцина против ковид-19 и Бакиу вели дека го направил ваксајнс.мк „за да не чекаат луѓето ред на погрешен сајт после изјавата на Заев“.

Ваксајнс.мк не е лажен сајт, каде што би можеле да бидат злоупотребени податоци на граѓаните, бидејќи не води никаде освен на официјалниот сајт за пријавување интерес за вакцинирање.

„Во полициската станица само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни“, напиша Бакиу пред малку на Фејсбук.

Заев, зборувајќи на лош англиски, неколку пати изговори „ваксајнс“, место „вексинс“, на панел на Атлантскиот совет во вторникот.

Полицијата го повикала Бакиу на разговор по пријава на Министерството за здравство.

сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...