16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо 14 години, осудените ќе мора да одлежат казна затвор од 13...

Наместо 14 години, осудените ќе мора да одлежат казна затвор од 13 години-Апелација ги намали казните за „27-ми април“

Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница донесе пресуда со која ја потврди првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело и делумно ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „27 април“.

Како што е соопштено Апелација делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа.Нема достапен опис

Тие беа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик

Прифатена е жалбата и на обвинетиот Оливер Радулов за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 в.в со член 24 од Кривичниот законик, на начин што првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело ја потврди, се вели во соопштението од Апелација.

По однос на изречената кривична санкција, Апелација првостепената пресуда ја преиначи на начин што Митко Чавков се осудува на казна затвор во траење од 16 години, обвинетите Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години.

Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски се осудуваат на казна затвор во траење од по 13 години, обвинетите Оливер Поповски, Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ се осудуваат на казна затвор во траење од по 11 години.

Додека Оливер Радулов се осудува на казна затвор во траење од девет години, аобвинетиот Александар Василевски Нинџа се осудува на казна затвор во траење од седум години и обвинетиот Абдуљифета Алими се осудува на казна затвор во траење од шест години.

– Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик , обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди, се вели во соопштението од Апелација.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на Апелационен суд Скопје во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. (МИА)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...