10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСоопштение од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи во врска со неговата изјава за...

Соопштение од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи во врска со неговата изјава за автопатот Прилеп-Битола

Во насока на јасно, правилно и точно информирање на јавноста и граѓаните, а во однос на насловот „Автопатот Прилеп-Битола ќе биде готов за 1,5 година“, објавен во одредени медиуми, кој се однесува на денешната изјава на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на средба со стопанствениците од Пелагонискиот регион, Кабинетот на ЗПВРСМ Битиќи има потреба да реагира и да ги замоли медиумите да го корегираат насловот и да реферираат прецизно на изјавата на Вицепремиерот која гласи:

„Јас би сакал да укажам на една делница, која е доста зборувана, станува збор за Прилеп-Битола. За прв пат воведуваменов начин за изградба на автопати во државата, а тоа се ФИДИК правилата. За граѓаните, мора да укажам, дека овие правила ни овозможуваат да имаме автопатско решение, кое е поефтино, побрзо изградено, или во временски период, ќе заштедиме најмалку една и пол година, во споредба со тоа кога би оделе со нормален налин на проектирање и градење. Денес може да кажам дека Пелагонискиот регион ќе има автопат Прилеп-Битола за една и пол година (најмалку) побрзо, отколку кога би граделе во друг случај. Моето очекување е дека веќе наесен ќе имаме избрана компанија која ќе работи на изградба на автопатот Прилеп-Битола. Се надевам ако не послужи времето, до крајот на годината (2021 година), ќе можеме да ги воведеме во работа.“

Напоменуваме дека вицепремиерот Битиќи ги потенцираше ФИДИК правилата, како побрзо решение, преку кое значително побрзо би се реализирала автопатската делница Прилеп-Битола, односно дека тој автопат би се изградил за една и пол година побрзо, во однос на нормалниот начин на градба, кој се применуваше досега.

-Кабинет на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...