13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСопругата на Битолскиот музичар Ице: Мојот сопруг не почина од корона, туку...

Сопругата на Битолскиот музичар Ице: Мојот сопруг не почина од корона, туку од лекарска негрижа !!!

Гордана Атанасовска сопруга на Ице..

Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава.
Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето. 10 дена некој да венее пред нивните очи а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус… За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита… Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје, дадоа се од себе еден месец, ама не издржа. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку 😢😢 🙏🙏 Тоа што го помина ти да не се повтори на никој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...