6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСТВ: На матурантите од средно медицинско им се нуди работа, скоро никој...

СТВ: На матурантите од средно медицинско им се нуди работа, скоро никој не прифаќа

И покрај тоа што секоја година матурираат по околу 600 ученици само од средното медицинско училиште, „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, здравствените установи имаат проблем да обезбедат медицински, стоматолошки сестри и лаборанти. Иако училиштето честопати се појавува во улога на посредник и обезбедува вработување во клиниките каде што учениците ја реализираат практичната настава, понудата за вработување најчесто се одбива. Директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу тоа го објаснува со одлуката на матурантите образованието да го продолжат на некоја од високообразовните установи, а не е за занемарување ниту трендот за напуштање на државата поради примамливите понуди за работа во странство.

 

–Техничкиот кадар кој е подготвен веднаш по матурирањето на влезе на пазарот на труд, не покажува интерес за вработување. Тоа се виде и по можноста да изберат помеѓу полагање на стручен испит или државна матура, која што им ја отвора можноста да се запишт на факултет. Речиси сите избраа да полагаат државна матура, и регуларно се пријавија во предвидениот рок за полагање. Оттаму доаѓа и проблемот со недостаток на медицински сестри, објаснува Салиу.

Таа потенцира дека добредојден е кадарот од останатите образовни институции кои нудат вонредно образование за медицинска доквалификација или преквалификација, но ногласува дека мора да се почитуваат стандардните образовни кодекси и да се внимава на квалитетот на стекнатото знаење, кое вклучува теоретска и практична настава, која дури и во време на пандемија и онлајн образование, мора да се одвива.

Целосниот текст во Слободен Печат 

Автор Елизабета Дамјаноска-Спасеновска

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...