13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаРанко Бубамара: Благодарение на градоначалникот Богоев денес се излизгав и паднав на...

Ранко Бубамара: Благодарение на градоначалникот Богоев денес се излизгав и паднав на глава !!!!

Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира, пишува на својот ФБ профил Ранко Перовиќ.

Перовиќ во објавата објаснува што се случило:

Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот , веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии , тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм) , не се сеќавам баш на се , но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн) , лесно ме освестиле , дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.
Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.
За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде, пишува Перовиќ на ФБ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...