13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПатриотката Рашела Мизрахи: Мене не ми смета да седи етничката припаднoст на...

Патриотката Рашела Мизрахи: Мене не ми смета да седи етничката припаднoст на личната карта.

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, во фејсбук коментар напиша дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа:

„Ај нека му објасни некој на професорон шо магистрирал, докторирал и се вработил кај татко му на Машински, дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката! Изедначувањето на македонскиот народ, кој преку вооружена антифашистичка војна дошол до своја (а не туѓа) држава, со обична „етничка заедница“ е чекор плус кон идна федерализација и поделба на државата, затоа што со тоа и се одзема државотворниот конститутивен статус на нашата нација и се сведува на една од многуте „заедници“ кои живеат на оваа територија 😉

Со тоа, Република Македонија престанува да биде национална држава на мнозинскиот македонски народ и на малцинствата, онака како што сакале нашите основачи на АСНОМ, и станува лабава творевина – (полу)протекторат, составена од неколку етникуми!? Ама, за да го сконташ ова, треба да имаш политички сенс и правно-политолошко теоретско и практично знаење, а не од обичен анонимус во енергетската политика, да бидеш подметнат од Грујо на конгрес за „лидер“.“

На сета оваа изјава, се огласи и пратеничката Рашела:

Како Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија сметам дека во мојата лична карта не постои никаква пречка да стои етничка припадност!
Не гледам причина зошто тоа би им пречело на колегите Апасиев и Крмов!?

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...