5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСрпски епидемиолози: Врање стана жариште на ковид, откако Македонците го нападнаа „Лидл“

Српски епидемиолози: Врање стана жариште на ковид, откако Македонците го нападнаа „Лидл“

Градот Врање, во соседна Србија веќе со недели има константен број на новозаразени од ковид-19 и е на второ место по милионскиот Белград. Само вчера во Врање се регистрирани 127 новозаразени.

Дека Врање е новото жариште на коронавирус денеска потврди и професор д-р Бранислав Тиодоровиќ, член на кризниот штаб на Србија кој предупреди дека доколку бројката продолжи да расте, во овој град но и во останати им се заканува целосно затворање на рестораните и кафичите.

Иако угостителските објекти не се главната причина за жариштето, според епидемиолозите постојат уште две причини: доаѓањето на туристи од Македонија на шопинг и провод во овој дел од Србија, но и последиците од новиот британски сој на коронавирус.

Д-р Тиодоровиќ во гостување на емисијата „Београдска хроника“ рече дека можно е една од причините да биде тоа што државјани на Северна Македонија масовно доаѓаат на шопинг во Врање.

Д-р Тиодоровиќ на овој факт гледа како на позитивен чекор за трговците и угостителите, но предупредува дека мерките мора да се почитуваат и се исти за сите – затоа странците не се исклучени во никој случај.

Македонците со години се најверни посетители на градот Врање, прво поради ефтината храна и гориво, а денес, како што тврдат, заради рестораните и пријатната атмосфера на Врање, па затоа не е изненадувачки што македонскиот е втор службен јазик во Врање.

Што се однесува до другата причина за зголемувањето на бројот на заразени – британскиот вид на коронавирус, д-р Предаг Кон на прес-конференција на Кризниот штаб за борба против ковид-19 рече дека „вирусот сигурно е поприсутен отколку што мислиме дека е“.

„Знаеме дека овој британски вид е присутен, но не можеме да знаеме во кој процент. Она што се случува во Врање веројатно значи дека е поприсутно, отколку што е откриено. Не сме во состојба да правиме секвенционирање повеќе од што правиме“, рече д-р Кон на денешната прес-конференција на Кризниот штаб за борба против вирусот корона.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...