8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВистинскиот пријател се познава во неволја, порача Вучиќ

Вистинскиот пријател се познава во неволја, порача Вучиќ

spot_imgspot_img

Ова е мал подарок којшто сум сигурен дека и вие нас би ни го дале, бидејќи вистинскиот пријател во неволја се познава, порача српскиот претседател Александар Вучиќ на примопредавањето на вакцините од „Фајзер” кои ни ги отстапува Србија.

„Ние не можевме да ги донесеме сите вакцини, бидејќи сите земји, а и некои фирми работат на заштита на своите производи. Затоа моравме на „Фајзер” да му дадеме посебни гаранции дека ќе му го гарантираме начинот на транспорт на вакцините и дека вакцините ќе бидат исти како кога ние ги презедовме, рече Вучиќ во одговор на прашање по примопредавањето на 4.680 од предвидени 8.000 вакцини на „Фајзер”, против ковид-19.

Тој додаде дека вакцините ќе влезат во националниот оперативен план за вакцинација, кој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на другите вакцини.

Има и земји, посочи, кои водат геополитички прашања на таков начин што велат ние сме тие кои одлучуваме. Не може Србија, ако добро се снашла, да одлучува каде ќе ги дава. Токму тоа беше проблемот во договорот поради што доцнат вакцините.

„Мене денеска ни малку не ми одговараше да доаѓам тука, но синоќа видовме дека ги завршивме сите процедури и веднаш се слушнавме со премиерот Заев и реков ајде да се сретнеме за луѓето што побрзо да ги добијат вакцините, бидејќи не им е грижа дали мене ми се доаѓа или не ми се доаѓа денеска. Така што навистина побрзавме и дадовме се од себе и тргнавме накај границата за да стигнеме на време веднаш кога добивме дозвола“, потенцира Вучиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...