13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Среќни сме што српскиот народ со нас ја сподели својата вакцина

Заев: Среќни сме што српскиот народ со нас ја сподели својата вакцина

Дефицитот на вакцини против Ковид-19 во светот е основната причина зошто èе уште немаме вакцини. Среќни сме што српскиот народ веќе со недели ја прима вакцината и што сподели од својата вакцина со македонскиот народ, порача премиерот Зоран Заев при примопредавањето на српската донација на вакцините на „Фајзер“ на граничниот премин Прешево-Табановце.

-Ние сме горди што сме членка на НАТО, но исто така сме свесни за недостатокот на вакцини во светот. Ние сме мала земја заедно со сите земји од Западен Балкан направивме напори и имавме склучено договор со „Фајзер“ и со „Синофарм“ од Кина. При крајот  на неделата очекуваме да стигнат вакцините од Кина во нашата земја, рече Заев во одговор на прашање.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој лично му ја предаде првата пратка од вакцините, посочи дека е особено горд што Србија е воено неутрална и додаде дека разговарале за проблемот со вакцините со премиерот Заев и сакале да помогнат.

-Во Србија веќе имаат пристигнато речиси два милиони вакцини, утре ни доаѓаат уште 41000 фајзерови вакцини, а за неколку дена очекуваме да дојдат и првите 150 илјади од вакцината на Астра Зенека. За тоа беа неопходни преговори кои траеја со месеци и не беше лесно. Подготвени сме да им помогнеме и на другите во регионот рече, Вучиќ.

Нагласи дека Србија има одлични односи со земјава и додаде дека сметал оти им била должност да ни помогнат во имунизацијата против Ковид-19.

-Му го честитам на братскиот македонски народ почетокот  на имунизацијата и им посакувам добро здравје на сите граѓани, рече Вучиќ.

Frontline.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...