15.1 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче: За неичистените улици со снег, градоначалниците ќе биде казнети од граѓаните...

Стојанче: За неичистените улици со снег, градоначалниците ќе биде казнети од граѓаните на следните избори.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За неичистените улици со снег, градоначалниците ќе биде казнети од граѓаните на следните избори. Според мене, политичката одговорност е поефикасна од другата одговорност“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на прашањето кој ќе ги казни градоначалниците, доколку некој граѓанин се лизне и повреди поради неисчистените улици.

<

Тој истакна дека „ние сме држава, стоиме на располагање за луѓето и од отсечените планински села, па доколку е потребно и со употреба на хеликоптери“.

Поради ниските температури, голомразица и остатоци од кашест снег, сообраќајот низ патиштата во државата утринава се одвива отежнато. Целосна забрана за сите видови мотрони возила има на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а за неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија утринава.

Од 09:10 часот утрово укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен, преку планинскиот премин Ѓавато, од 09:30 часот, исто така, укината е и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. Останува забраната за тешки товарни возила во правец од Дебар кон Струга, а во спротивната насока, укината е забраната.

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на патниот правец: Прилеп–Кавадарци, преку Плетвар, на патот Тетово–Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси, крак Маврово–Дебар забраната за сообраќај е за тешки товарни возила со приколка.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...