9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Во набавката на вакцини нема политика, чекавме да се увериме во...

Филипче: Во набавката на вакцини нема политика, чекавме да се увериме во ефикасноста и на руската вакцина, па ако треба ќе ја набавиме и нејзе..

Во набавката на вакцини нема политика, па така нема политика и во евентуалната набавка на руската вакцина Спутник V, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за ТВ 24.

Напредното истражување во клиничките студии на „Фајзер“, што го истакна и при примопредавање на српската донација на 4.680 дози на граничниот премин „Табановце“ викендот, Филипче го повтори и денеска како причина зошто се решиле за преговори со американскиот производител. Додека фајзеровиот производ бил во, речиси, завршна фаза, руската вакцина била во трета.

– Во вакцинацијата нема политика. Тоа е исклучиво прашање што ги прави правилата во делот на завршување на студиите и сите сертификати кои вакцините ќе ги добијат. Бидејќи „Фајзер“ беше понапред во клиничките испитувања, затоа и почнавме преговори со нив. Кога пристигна понудата од руската амбасада за набавка на „Спутник“, вакцината се наоѓаше во третата фаза на клиничката студија. Но, сè уште не е завршен целиот процес. Немаме проблем да набавиме. Не постои тука политика, рече Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...