6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицајците апсени за групирање во Куклица добиле прекоманда во Куманово..

Полицајците апсени за групирање во Куклица добиле прекоманда во Куманово..

Летоска, полицајци апсеа полицајци во викендица во кратовското село Куклица, поради групирање спротивно на мерките за заштита од ковид-19. Полицаец, симпатизер на СДСМ, честел за прва плата во викендичка на колега, симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку месеци подоцна еден од славениците, за „360 степени“, призна морална, но не и кривична одговорност за собирот. Сега во судска постапка се обидуваат да докажат дека нивните колеги не смееле да ги апсат на приватен имот.

„Во моментот на апсењето не постои уредба за организирање прослави на приватен имот, што е и сега во моментот, Владата кога правеше обиди за приватен имот, не им успеа, бидејќи било противуставно. Епа, ако е противуставно сега, било противуставно и пред неколку месеци“,

ни кажа еден од апсените полицајци во декември минатата година.
Во случајот, остана нејасно кој побарал полициска интервенција. Куклица е село од разбиен тип, а единствениот близок сосед кажа дека во нивна одбрана ќе се појави и на суд.

„Се собраа тука дента неколку луѓе, нормално, како секој ден, немало никаква причина за пријава за вознемирување“,

кажа соседот Костадин Ефремов.

Но, сторијата која навидум е комична, добива сè посериозни димензии. Еден од уапсените тврдеше дека акцијата во Куклица е одмазда за казна за нерегистрирано возило на заменик-командирот, член на спротивставен политички табор. Сега петмина од групата уапсени добиле и прекоманда.

„Вкупно 5 полициски службеници од таа група се преместени на работа, сите во Куманово“,

вели еден од службениците.
„Прекомандата“, сама по себе, не е новина оти Законот за внатрешни работи предвидува дека секој вработен, по потреба, може да биде пратен на работа надвор од местото на живеење и до шест месеци, но тоа може да се случи само еднаш во четири години.

За повеќе детали клик на: „360 степени“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...