16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСреда среќен ден: Утре ќе се вакцинираат првите 260 здравствени работници

Среда среќен ден: Утре ќе се вакцинираат првите 260 здравствени работници

Имунизацијата ќе започне во пунктовите сместени во модуларната болница до Клиниката за инфективни и фебрилни состојби
Вакцинацијата против ковид-19 официјално започнува утре кога првите 260 здравствени работници од земјава ќе ја примат првата доза на вакцината „Фајзер“.

Имунизацијата ќе започне во пунктовите сместени во модуларната болница до Клиниката за инфективни и фебрилни состојби. Пунктовите ќе работат во две смени од 8 до 20 часот, а според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на секои 10 минути.

Како што информира Министерството за здравство, на првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници.

Во земјава засега има 4 680 дози од вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби од Србија, од каде вкупно треба да пристигнат 8 000.

Покрај вработените на Инфективната клиника, меѓу првите ќе се вакцинираат и здравствените работници од ковид-центрите во земјава. Вакцините ќе ги аплицираат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

За секој здравствен работник што ќе прими вакцина, веднаш ќе биде резервирана втора доза за ревакцинација.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...