14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаТројца ксметлии од Прилеп, Битола и Кочани станаа милионери за еден ден

Тројца ксметлии од Прилеп, Битола и Кочани станаа милионери за еден ден

Милионер џек пот на Државна видеолотарија е „виновникот“ за три големи награди во три македонски града: Прилеп, Битола и во Кочани. Тројцата ксметлии поделија повеќе од 4,3 милиони денари, само затоа што се нашле во вистинско време, на вистинското место и, се разбира, играле на видеолотариските терминали.

Денот на љубовта и на виното, отсега дефинитивно ќе има и уште едно значење за Јордан Наков од Кочани. Тој е добитникот на највисокиот од трите Милионер џек пот добивки во износ од 1.596.063 денари. Го освоил во ВЛТ Корнер 17, во кочанското село Грдовци, на 14 февруари. Пресреќен од убавото изненадување, Јордан ни кажа дека уште нема план како ќе ги потроши парите. Сподели дека и претходно се случувало да добива, но далеку пониски суми,  а и дека овој Милионер џек пот е најголемата добивка во неговиот живот.

Преостанатите две добивки заминаа во Прилеп, односно во Битола. Првиот падна на 8 февруари, во Клуб спорт 77 Евротип 125, во Прилеп и изнесува 1.525.656 денари, додека еден ден подоцна среќата ја посети и Битола, за Милионер џек пот „тежок“ 1.247.611 денари, на ВЛТ терминал во Спорт лајф трејд.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...