8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаOткриена уште една нелегална гинеколошка ординација во Струга, сопственикот не сакал да...

Oткриена уште една нелегална гинеколошка ординација во Струга, сопственикот не сакал да им отвори на инспекторите…

Откриена уште една нелегална гинеколошка ординација во куќа во Струга. Откако два часа преговарале со сопствениците на објектот да ги пуштат, инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат заедно со полицијата во просторијата затекнале опремена ординација, која укажува дека во него се вршела гинеколошко акушерска дејност, а објектот воопшто не бил обележан.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност на специјалистичката ординација по гинекологија и акушерство во Струга лоцирана на „Кеј 8-ми Ноември“ и ќе бара одземање на дозволата за работа.

– Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во општата болница во Струга. При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски. Наведената приватна здравствена установа ПЗУ Д-р Благоја Парталоски има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови (простор, опрема и кадар) за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година, стои во соопштението на Државниот здравствен инспекторат .

Докторката вели дека во ординацијата не се вршеле гинеколошки прегледи и дека по пензионирањето на доктор Парталоски просторијата служела како магацин.

Од државниот здравствен и санитарен инспекторат напоменуваат дека инспекциската постапка сеуште е во тек и по комплетирањето на целокупната докуменатција, ќе ги презвземе сите мерки согласно надлежностите на Инспекторатот.

Инаку ова е втор инспекциски надзор во Струга за неполн месец. Инспекторите во домот на директорот на струшката болница, Мухамед Асани во јануари открија нелегална гинеколошка ординација.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...