13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Чесно е да соопштам дека ова е последната владина помош за...

Заев: Чесно е да соопштам дека ова е последната владина помош за плати..

Мерката ќе може да ја искористат компаниите што покажуваат пад во работењето во последните три месеци (ноември, декември и јануари) во споредба со истите месеци во 2019 година, ако имаат повеќе од 30 отсто пад
Со петтиот антикризен пакет, за поддршка на плати во февруари и март 2021 година се обезбедени 1,92 милијарда денари. Со оваа прва мерка ќе бидат опфатени околу 60 000 работници месечно, а поддршката ќе биде скалеста во износ од 14 500 до 21 776 денари.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го детално петтиот сет, оваа мерка е опциска, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или втората мерка – за кредити со нула проценти камата во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, индустрија за организирање настани, транспорт, приватни здравствени установи.

„Ова е последно помагање со плати, чесно е Владата да ја испрати оваа порака, бидејќи очекуваме излез од кризата, раст и развој, тоа се случува во светот, ги следиме трендовите и така ќе биде. Но, државата е тука и продолжува понатаму будно да следи и да им се најде на работниците и на компаниите“,

потенцира Заев.

360

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...