8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаХуманитарецот Ѓеорѓиевски изгради нов дом за самохрана мајка на три деца

Хуманитарецот Ѓеорѓиевски изгради нов дом за самохрана мајка на три деца

28 – годишната Елена Манасиева и нејзините три дечиња на возраст од два месец до четири години за 25 дена добија нов дом. Хуманитарецот Александар Ѓеорѓиевски, која на македонската јавност и е познат по голем број на хуманитарни акции, а како поранешен пожарникар учествуваше и во спасување на луѓе во земјотресот во Хрватска успешно ја заврши и оваа мисија.

За случајот дознал преку статус на социјалните мрежи. Откако и лично се уверил во какви услови живеат, за неполн месец со мајстори и донации од малите и средните фирми го изградија домот на ова семејство, објави Телма.мк.

Децата на Елена веќе нема да се капат во корито или по надвор. Лани поради неуранетост и премрзнатост едно од нејзините рожби и починало. Среќна е што од денеска ќе влезат во новиот дом.

Живее со социјална помош и детски дототок, скромните примања и одат за плаќање на сметки за струја. На оваа жена потребна е и елементарна помош во храна и облека, а поранешниот штипски пожарникар Александар најавува дека по оваа завршена мисија ќе следи и нова, но смета дека е неопходна и поддршката од медиумите, но и од големите компании, кои ретко донираат.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...