23.1 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Македонија Еве ви предлог за улица и за соживот: Мухамед Али Јашар, во...

Еве ви предлог за улица и за соживот: Мухамед Али Јашар, во 2011 загина при тепачка бранејќи го својот другар македонец.

Translate (Eng):[gtranslate]

Ова е пример за доверба и соживот. А не да предлагате имиња на терористи на ОНА.

Слава му… 

РЕКЛАМА

Обидувајќи се да го заштити другарот, матурантот Мухамед Али Јашари заврши трагично поради удар од камен во градите во дворот на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, во април 2011 година. Според обвинението, Јашари го изгубил животот во обид да му помогне на својот другар кој влегол во тепачка со три други лица на возраст од 17 до 19 години.  Слава му… 

Во мај 2013 година беше донесена првостепена пресуда со која првообвинетиот Петар Маневски доби 13 години затвор за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици, второбвинетиот Стефан Гелов доби 4 месеци затвор за за загрозување со опасно орудие при тепачка и караница, а за тогаш малолетниот Доријан Тасевски, согласно Законот за малолетничка  правда постапката беше запрена бидејќи тој веќе издржуваше 2- годишна затворска казна за тешка кражба во малолетничкиот затвор во Охрид.

 

- Реклами -