16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаГрадоначалникот Ногачески: Балон салата во с.Требеништа прокапи благодарение на ''квалитетната'' изработка од...

Градоначалникот Ногачески: Балон салата во с.Требеништа прокапи благодарение на ”квалитетната” изработка од страна на ВМРО ДПМНЕ и нивното тендерашко владеење

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, испрати реакција во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

„После долго време сте се јавиле (очигледно идат избори) и пак сте ја утнале адресата.

Точно е дека инвестиравме 175.000 денари во балон салата, од кои 135.000 за акрилната подлога за тениското игрлиште, а 40.000 денари за санација на оштетените странични делови од салата.

За состојбата на балон салата и сликата што ја прикажувате обратете се кај вашиот поранешен градоначалник, кој потроши повеќе од 100.000 евра народни пари, за да само по две три години салата прокиснува од сите страни. Прокиснувањето е од тоа што многу “квалитетно” бил изработен покривот и за негова санација сега ќе ни се потребни не 175.000 денари, туку илјадници евра. Три и пол години од нашиот мандат ги поправаме грешките на Вашиот градоначалник.“ – стои во реакцијата од градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...