14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветУкраинец признал лажно убиство само за да дојде полицијата и да му...

Украинец признал лажно убиство само за да дојде полицијата и да му го расчисти влезот до дома од снег.

Според полициски извори, неименуван маж од селото Грибова Рудна се јавил на националниот број за итни случаи и признал грозоморно убиство. Тој рекол дека се скарал со неговиот очув и дека на крајот го избодел со нож во градите. Според него, жртвата паднала и не дишела.

Самонаречениот напаѓач додал дека е подготвен да се предаде доколку полицијата стигне до неговата куќа, пренесува Одити Централ.

Во последните денови таму паднало многу снег и патиштата биле затрупани, па „убиецот“ и предложил на полицијата да земат плуг ако сакаат да дојдат и да го уапсат. Екипата потоа била испратена во селото да го уапси ,,убиецот” и бидејќи чистачот претходно го расчистил патот, тие таму пристигнале со нивниот патролен автомобил.

Кога пристигнале на местото на настанот, го нашле очувот на човекот жив, а откако го испрашале „убиецот“, тој признал дека пријавил лажно злосторство. Полицијата изјавила на новинарите дека човекот бил едноставно незадоволен од состојбата на патиштата кон селото и се надевал дека полицијата ќе го расчисти патот.

Тој, наводно, знаел дека специјалното возило ги обиколува околните села, но не бил задоволен од резултатите од чистењето. Сега тој се соочува со парична казна од 119 гривни (околу 3,5 евра) за лажна жалба и залудно трошење на времето на јавните службеници.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...