10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Над 1.800.000 вакцини ќе имаме заклучно со март

Филипче: Над 1.800.000 вакцини ќе имаме заклучно со март

Тој рече дека кога ќе почне вакцинацијата на населението ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани на ден.

за здравство, Венко Филипче во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма рече дека без проблеми тече првиот ден на вакцинација во Модуларната болница во Клиничкиот центар, и истакна колку вакцини и од каде очекуваме да пристигнат во следниот период. Имено, меѓудругото, уште еднаш потврди дека вакцините се безбедни и сигурни и не треба да постои скептицизам кај граѓаните.

– Започна процесот утринава во 10 часот, претходеа сериозни подготовки во рамки на вакцинацијата во делот на едукација, примена на вакцината, чување на вакцините по препорака на „Фајзер“, како и регрутација на здравствениот персонал. Очигледно е дека пресметките на опозицијата не им оди. Станува збор за вакцинирање на 300-500 луѓе само во пунктот на Модуларната болница во Кличниот центар и со таа динамика многу брзо ќе стигнеме до бројката од 4.000 вакцинирани здравствени работници. Со тоа, ќе станеме една од ретките земји со комплетно вакциниран здравствен персонал. Самата вакцина може да стои во обичен фрижидер во рок од 5 дена, но сакавме почетокот на да биде централизиран и да биде под контрола. Начинот на кој ги регрутиравме здравствените работници, беше преку писмо до секој директор, по што ги добивме списоците назад, и потоа се изготви распоредот – вели Филипче.

Повеќе во Плус инфо

 

 

.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...