11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаУгостителите предлагаат: Свадби под маски, да се вади маската кога ќе се...

Угостителите предлагаат: Свадби под маски, да се вади маската кога ќе се јаде

spot_imgspot_img

Да ни се дадат ригорозни протоколи според кои ќе работиме. Нема да има традиционална македонска свадба. Од шест до осум гости да седат на иста маса, тоа ќе бидат луѓе од иста фамилија. Наше лице ќе ги смести на маса, ќе бидат со маски, единствено ќе ги симнуваат маските кога ќе вечераат или одат до тоалет. Бендот ќе свири на пет метри од првата маса. Ова е дел од протоколот кој го понудиле организаторите на свадби до Владата.

Перица Голомеиќ, еден од организаторите на протестот, ова го соопшти во разговор за ТВ21.

Тој на протестот којшто се одржува на раскрсницата на булеварот Александар Македонски во Автокоманда побара Владата да им дозволи да работат на организаторите на свадби, ноќните клубови на фотостудијата и музичките бендови.

– Ние не работиме затоа што ни е забрането. Нашата примарна дејност е спречена. Владата ни даде неколку плати за вработените , а остатокот и покрај што не работевме цела година им ги исплаќавме сами на вработените. Свесни сме за епидемиолошката состојба и во прва фаза не бараме да одганизираме традиционална македонска свадба, туку да работиме под исти услови и протоколи како и другите – рече Голомеиќ.

Тој ја прокоментира и изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши кој рече дека во четвртиот пакет мерки добиле грантови.

– Нека ни каже дали со 10.000 евра може цела година да се одржуваат објектите од 1000 квадратни метри. Ние не остваруваме никаков профит една година, а банките не притискаат за плаќање на кредитите. Ние не бараме да не работиме, туку обратно да ни се даде шанса да работиме и да не ја пропуштиме сезоната – рече Голомеиќ.

Тој соопшти дека покрај во Скопје денеска се протестира и во Гостивар и најави дека наредните денови протестите се прошируваат во сите градови во земјата.ПЛУСИНФО

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...