9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЕмилија од Скопје - Во смртна опасност сум а никој не превзема...

Емилија од Скопје – Во смртна опасност сум а никој не превзема ништо, детето ќе ми остане без мајка

На социјалните мрежи се шири објава на исплашена жена и мајка, од Скопје која тврди дека веќе подолго време ја напаѓа и вознемирува маж, а во неколку наврати и се заканувал и со нож.

Иако неколкупати пријавувала во полиција, за кратко време тој повторно бил пуштан на слобода.

– „Човекот” што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа.

Вечерва ќе беше фатално. Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија. Заклучена сум, не смеам да излезам.

Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце???

Замислете колку многу ми требало ова да го напишам!

Нека стои, да знаат луѓето дека има илјадници жртви а никој не ги штити.

Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат. Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо. Откако ќе ми остане детето без мајка и еден куп животни дома за кои се грижам, ич не ми е гајле колку ќе ме жалат и оплакуваат.

Во смртна опасност сум а никој не превзема ништо!“, стои во фејсбук-објавата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...